Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА ЗА КУЧЕТО ФЕЛИКС КОЕ МАЖ ГО ПРЕТЕПА СО ШИПКА: Утре ќе има протест пред Кривичен суд

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВДА ЗА КУЧЕТО ФЕЛИКС КОЕ МАЖ ГО ПРЕТЕПА СО ШИПКА: Утре ќе има протест пред Кривичен суд

Пред Кривичниот суд во Скопје утре од 09:30 часот е закажан протест под името „За Феликс. За животните. За правна држава. За правда“. Oд „Анима Мунди“ повикаа луѓето да излезат и да дадат поддршка. 

„На 26.02.2025 година е закажано првото рочиште по кривичната пријава која ја поднесовме против лицето кое ѕверски, со умисла, употреба на најголема сила и 10 удари со метална шипка по глава во заграден простор и без можност да се избави и спаси, удираше несреќно бездомно куче. До безсозание, со намера да оди до смрт за да потоа со помош на друго лице врзе и фрли како да е предмет и најобично ѓубре. Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; но затоа асистенти кога требаше околу врат да се врзе со метална жица, влече и фрли како ѓубре. Соучесници. И ова немаше да го видиме, ова немаше да го дознаеме да не беше снимено“, велат од здружението.

Од таму посочуваат дека „Љубе со другарите“ се ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коле, беси, труе животно.

Од „Анима Мунди“ велат дека одбиваат да тонат во насилство и неказнивост, без изгледи за напредок, сигурност, владеење на правото, правда. 

Бараат најстроги казни за мачење и убиство на животните. Од Зелен хуман град ќе се приклучат на протестот и бараат најстрога казна затоа што насилството раѓа насилство. 

„Неказнивоста на ваквите дела, кои се бројни и секојдневни, раѓа ново насилство. Да се погрижиме овој случај да биде пример за секој што ќе помисли да убие бездомно куче на улица! Насилството врз животните речиси секогаш преминува во насилство врз луѓето – ова не е случајно предвидено како кривично дело во Кривичниот законик. Досега, во судската пракса, ниту еден сторител на ова кривично дело не добил затворска казна, туку условна или парична казна, не повисока од 300 евра. Ваквата судска пракса не го спречува насилството врз послабите – напротив, го охрабрува“, велат оттаму. 

Бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња. 

Слично

Поврзани вести