Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните бараат Нимиц да се повлече затоа што името не е на продажба

Граѓаните бараат Нимиц да се повлече затоа што името не е на продажба

Медијаторот Метју Нимиц да се повлече од посредничката позиција, побараа попладнево граѓаните кои пред Собранието протестираа против промена на името на Македонија. 

Протестот доаѓа во време кога во посета на земјата е Нимиц, кој посредува во спорот меѓу Македонија и Грција за името. Граѓаните рекоа дека спорот е наметнат. 

„Македонскиот народ нема да ги прифати овие решенија и ќе се бори со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси. Метју Нимиц да достави извештај до ОН дека македонскиот народ бара од него неотповиклива оставка на медијаторсата позиција и дека сака Република Македонија да биде примена на ОН под уставното и државото име.  Истата порака ја упатуваме и до претставниците на ЕУ и НАТО во земјава, кои ги поддржуваат овие непринципиелни политики“- беше кажано на протестот.

Учесниците на протестот протестираа и против Законот за јазиците. На протестот можеа да се забележат македонски знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, се пееја патриотски песни, а  носеа и транспаренти на кои пишуваше дека името не треба да се менува или „Името Македонија не е за продавање“. 

Слично

Поврзани вести