Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓанин на Карпош стравува за својата куќа

Граѓанин на Карпош стравува за својата куќа

Граѓанин на општина Карпош стравува дека неговата семејна куќа, која се наоѓа веднаш до градежна парцела, би можела да се урне. Тој се пожали дека приватниот живот му е узурпиран, а околните станари имаат поплаки дека не биле известени детално на каков начин ќе се гради. Спроти новиот објект се наоѓа ОУ Владо Тасевски .

Од општината велат инвеститорот има градежна дозвола и пред да започне изградбата нотарски се обврзал да надомести доколку создаде било каква штета на околните објекти. Според направениот увид од општинскиот инспекторат е утврдено дека нема спорен момент и прекршување на процедурата на градење и велат доколку во иднина се појават соодветно ќе реагираат.


Слично

Поврзани вести