Граѓанин го нарече Мицкоски предавник и побара да зборува на бугарски
Во Благоевград денеска имаше вербален инцидент меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој се слушаа патриотски песни. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“.
Инцидентот се случи по отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Клубот во Бугарија се отвори под силно полициско обезбедување. Со ова се оствари сонот на Македонците во Бугарија да имаат свој културен клуб.
Слично
