Граѓани со јајца ја мавале куќата каде се смести еврејската секта во Куманово
Фрлани се јајца и искршена е вратата на куќата во Куманово во која се доселија припадници на еврејската група, јавува Телма.
Припадниците на еврејската верска заедница Лев Тахор, кои неодамна се населија во Куманово, велат дека веќе не се чувствуваат безбедно. Откако локалните жители почнаа да се собираат пред куќата и да ги исмеваат чудно облечените дојденци, вчера некој им ја откорнал железната врата во дворот и ја мавал куќата со јајца. Најавено беше дека тие ќе си заминат во текот на денот или утре од земјава, и дека тука биле само на поминување.
фото Принтскрин
Слично
