Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани се собраа пред судот да бараат правда за Груевски

Граѓани се собраа пред судот да бараат правда за Груевски

Пред Кривичниот суд започна протестот за правда за екс премиерот,  Никола Груевски.

Стотина граѓани се собраа пред Судот, а  булеварот е затворен за сообраќај.

Дел од граѓаните кои дадоа изјави за медиумите рекоа дека македонскиот народ се свестува, и дека нема ова да го дозволи. Велат ниту една сила не може да се бори против народ. 

„Почитувани граѓани, Членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки,
браќа и сестри, цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски“, стоеше во повикот за протестот.

На протестот се присутни повеќе пратеници. 

Во „Тенк“ Груевски е осуден на две години затвор и наскоро ќе треба да замине во затвор. 

Слично

Поврзани вести