Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани се собраа да бранат дивоградба од рушење во Охрид

Граѓани се собраа да бранат дивоградба од рушење во Охрид

Стотина граѓани од Охрид се собраа за да ја попречат градската управа во обидот да продолжи со рушењето на дивоградбата на улица „Марко Несторовски“. Полицијата засилена со припадници на специјалните единици  не им дозволи да ги остварат своите намери и формираше кордон со заштитни огради пред објектот, пренесуваат локалните медиуми. Улицата на потегот од Крс Џамија па се до до раскрсницата до училиштето „Христо Узунов“ е блокирана за сообраќај во двата правци.

Граѓаните најавија и протест пред Општина Охрид против акцијата за рушење на дивиоградби во Охрид, а на собирот присуствуваше и сопственичката на градбата, која рече дека се обидела да извади градежна дозвола, но како што вели таа,  ја попречиле административните лавиринти.

„Објектот го градеа граѓани кои сакааа да ми помогнат како донација, затоа што за 10 души тајкуни страдат обичниот народ. Наместо да ги рушат оние објекти покрај езеро узурпираа место на две жени, Срамота.“ рече Ајхан Абдула, која патем го обвини и Бранко Арнаудов од секторот за урбанизам во општината дека ги испратил полицајците затоа што не добил мито.

Охрид минатата недела со оваа дивоградба започна со најавеното уривање. Станува збор за претходно издадено решение за уривање на куќа во Горна Влашка маала, каде што неодамна беа приведени работници кои продолжија со градење иако просторот беше ограден од страна на инспекцијата. Работници со полициска придружба го започнаа уривањето.

Инаку Охрид е рекордер по број на дивоградби, кои ги има повеќе од илјада на број и голем дел од нив треба да се отстранат по препорака на УНЕСКО.



Слично

Поврзани вести