Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани се фотографирале со лавчиња кои ги чуваат како миленичиња, Анима Мунди бара одговорност

Граѓани се фотографирале со лавчиња кои ги чуваат како миленичиња, Анима Мунди бара одговорност

Македонски граѓани се шетаат и сликаат со младенчиња од лав, поради што од Здружението за заштита на животните Анима Мунди бараат полицијата да реагира. 

Велат дека последните денови имало повеќе случаи каде граѓани објавуваат фотографии на социјалните мрежи со мали лавчиња. Бараат одговори од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, МВР, МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство.

„ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон! Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав? Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“ – велат од здружението за заштита на животни.

Повеќе луѓе од Скопје и Куманово објавиле вакви фотографии на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести