Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани организираа протест со палење отпад на патот Битола-Oхрид: Негодуваат за одземени автомобили

Граѓани организираа протест со палење отпад на патот Битола-Oхрид: Негодуваат за одземени автомобили

Регионалниот пат Битола–Охрид е привремено блокиран, откако група граѓани организираа протест со палење пластика и отпад.

Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“.

Според неофицијални информации, повод за протестот е одземањето на возила на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи на сила со последните измени на Законот за прекршоци. Некои од присутните се бунат поради одземените автомобили, а на снимките може да се слушне извикување: „5.000 евра кола ми земавте“.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести