Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани од Скопје бараат спас од смрдеа

Граѓани од Скопје бараат спас од смрдеа

Граѓани од околината на Скопје на социјалните мрежи претпладнето беа вознемирени од вечерна и утринска непријатна миризба, која не им дозволувала да спијат со отворени прозорци и врати на летните температури.

Се жалат жители на Злокуќани, Маџари, Сингелиќ и Топанско поле.

- И мене ме разбуди една ужасна смрдеа многу рано, но не стануваше збор за прскање против комарци. Значи, труење невидено. Вртевме на телефон каде што се пријавува загадување во Град Скопје, но никој не се јави - гласеше еден од коментарите, на Светлана Тодорчевска.

Од Град Скопје истакнаа дека никој не се јавил да се пожали на непријатна миризба, односно на загадување.

- До овој момент до Градот Скопје нема пристигнато пријава за некаква миризба доставена од посочените населби. Доколку стигне пријава, нашите инспекциски служби венаш ќе реагираат и постапат по истите. Инаку депонијата „Дрисла“ има нови филтри и таа не може да биде извор на непријатна миризба - ни одговорија службите на Град Скопје.

Слично

Поврзани вести