Граѓани не заборавајте, од денеска е на сила зимското сметање на времето
Од денеска имаме зимско сметање на времето.
Часовникот вратете го еден час наназад. Летното сметање на времето во 2022 година завршува на 30 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот.
Експертот за спиење Ејприл Мајер, вели дека поместувањето на часовникот влијае на нашите модели на спиење, што може да направи да се чувствуваме многу уморни и да ја влоши нашата концентрација. Ова може да трае со недели затоа што луѓето се будат порано откако ќе се смени часовникот.
Слично
