Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓани излегоа на ноќна стража кај гробот на Делчев

Граѓани излегоа на ноќна стража кај гробот на Делчев

Ноќна стража има кај гробот на револуционерот Гоце Делчев, каде граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат дo утре. 

Група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон црквата Свети Спас.  Повикуваат и други да им се приклучат, а најавуваат дека ќе останат до утре. Не можат да се придвижат кон гробот на Гоце Делчев, бидејќи полицијата веќе два дена има барикади.

Од Владата посочуваат дека прославата ќе започне од 8 часот изутрина. На гробот на Гоце Делчев цвеќе ќе положат повеќе делегации.

Официјална делегација од Република Бугарија, предводена од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје, велат од бугарското Министерство за надворешни работи.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести