Граѓани бараат Владата да каже стоп за извршителите
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“ пред два дена побараа измени на законот за извршување и замрзнување на сите извршни одлуки врз физички лица, поради ревизијата на работата на извршителите и на целиот судски процес во текот на извршната постапка.

Денес во Скопје започнаа со собирање на потписи на граѓаните за измени на законот а извршување како граѓанска иницијатива, кое собирање на потписи ќе се собира по сите останати градови во Македонија.
Од здружението „Но пасаран“ денеска го потсетија премиерот Зоран Заев дека ветил оти ќе изнајде решение за овој проблем со кој како велат се слушува грабеж на граѓаните.
„Години наназад граѓаните се ограбени и обесхрабени и мора да ставиме точка на ова што го прават. Владата и пратениците овој пат ќе мора да избррат меѓу стотина извршители и нотари и стотици илјади граѓани“, изјавија од здружението.
Оттаму се оптимисти дека Владата ќе застане на страна на граѓаните.
