Граѓански активисти ќе чистат на Водно и Матка
Неколку граѓански организации за денеска најавија акции за чистење на падините на Водно и на кањонот Матка.
Од ЛЕАД објаснуваат дека ова е прва од планираните шест акции за чистење на падините на Водно во рок од шест месеци. Активистите ќе носат маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“, а во текот на втората акција ќе бидат закачени и 100 дрвени таблички со овој слоган.
Целта на оваа еко акција е да се зголеми свеста на граѓаните за зачувување на животната средина.
Акцијата за чистење на кањонот Матка е дел од серијата активности на граѓанските организации Го Грин, Ајде Македонија и Грашаница, што ги организираат со претставници на туристичкиот и јавниот сектор за чистење смет во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево.
