Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните засега спречија градење во паркот во Тафталиџе

Граѓаните засега спречија градење во паркот во Тафталиџе

Граѓаните на општина Карпош пред две недели се кренаа на протест против изградбата на станбен комплекс на Улица Букурешка.

karpos park1

Утрово пак, ги спречија градежниците кои дојдоа на местото каде е предвидена изградбата и издејствуваа нивно повлекување.

karpos3

Како што соопштуваат граѓани на Тафталиџе градежниците се повлекле и нема да можат да градат се додека не добијат дозвола од судот, а тие ќе превземат се  што може да се сочува овој парк.

Велат дека покренале и иницијатива против изградбата во паркот.

karpos6

Што е предвидено да се гради на улица Букурешка?

Нов станбен објект ќе го замени моменталниот парк, односно станбено колективна зграда на Улица Букурешка .

Објектот ќе го гради јавното претријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Станува збор за објект кој има маркица веќе 13 години. Во 2003 година со деталниот урбанистички план на тоа земјиште е исцртана маркица со намена домување . Тогаш ДУП-от се викаше за Тафталиџе 1-Јужен дел. Во 2012 се проширува мал дел , се носи нов проширен урбанистички план за Тафталиџе Север Југ така што повторно се потврдува таа зграда со намена за домување и истата година во декември 2012 генералниот  урбанистички план на Град Скопје повторно ја потврдува намената дека на таа градежна парцела ќе има домување“, изјави за фактор Вики Цветковска од општина Карпош, дополнувајќи дека и во 2016 со тој ДУП објектот се потврдува уште еднаш .

karpos7

Од општината исто така посочуваат дека во овој случај градежната дозвола не може да се одземе, може само да се корегира.

„Мора да се почитуваат законите, а законите велат еднаш утврдена намена за градење, не може да ја поништиш, ниту да ја намалиш, може да се доградува, надградува  меѓутоа никако да се поништи. Освен ако постои некоја виша сила на тоа место да се открие некој археолошки локалитет или нешто од извонредно значење тогаш може да се смени“.

Слично

Поврзани вести