Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на социјалните мрежи се мобилизираат за помош на поплавените

Граѓаните на социјалните мрежи се мобилизираат за помош на поплавените

Групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“  е формирана на Фејсбук и таму може да се добијат информации за потребата од волонтери,  донации, информации за нови собирни места за помош и други важни податоци поврзани со поплавите.

Оние кои ја направиле оваа  Фејсбук група апелираат сите граѓани, кои се активни на оваа социјална мрежа и сакаат да помогнат, да се зачленат во групата.

„Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање и повикување надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа“ - се наведува во соопштението.

Завчера 21 лице почина во поплавите кои го зафатија Скопје.

Штетите на терен се санираат, а на граѓаните им е потребна помош во вода за пиење, конзервирана храна, средства за хигиена и производи за бебиња.

Помош за поплавените семејства се собира во повеќе градови ширум Македонија.

Слично

Поврзани вести