ГРАФА ЗА НАЦИОНАЛНОСТ НЕМА ДА ИМА ВО ИЗВОДИТЕ: Уставен суд донесе одлука
Графа за националност во изводите нема да има. Се укинува графата „националност“ во Законот за матична евиденција. Уставен денеска одлучи да ја укине законската обврска за изјаснување за националност во матичните книги, односно во изводите на родени, венчани и умрени.
Во декември, со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“. За Судот, со таа обврска граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност. Тоа се коси со уставно гарантираното право на слободно изразување на националната припадност, како темелна вредност на уставниот поредок, што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност. Уставниот суд лани поведе постапка по сопствена иницијатива. Поведе постапка откакко министерот за правда Кренар Лога објави во мај лани упатство за задолжително изјаснување за националност, затоа што не беше објавено во рок од 7 дена од моментот на неговото донесување и тој предмет е завршен. На 27 септември лани го поништи упатството на Лога. Во меѓувреме, Левица го оспори законот. Сега Уставниот суд и од законот ги избриша зборовите „националност“, па вакви упатства во иднина повеќе не можат да се носат додека владее овој Закон за матична евиденција.
