Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градските инспектори ќе работат трета смена за да гледаат кој фрла отпад по 22 часот

Градските инспектори ќе работат трета смена за да гледаат кој фрла отпад по 22 часот

Инспекторите на Град Скопје ќе работат трета смена за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад по 22 часот. 

Градските власти ја менуваат организацијата на оваа служба, а според информации на Сител, веднаш по утрешното објавување на одлуката инспекторите добиваат нов, поинтензивен распоред во тросменско работење. Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари.

- Град Скопје има вкупно 40 иснпектори, 11 комунални инспектори и 10 комунални редари. Сите овие вработени ќе бидат распоредени за поголема контрола. Прекршоците ќе ги констатираат на лице место. Доколку наидат на веќе исфрлен отпад од поголеми размери кој ќе биде од поинаков вид од вообичаениот на домаќинствата, ќе се влегува во подетална контрола на правните лица, велат од Град Скопје. 

Од утре стапува на сила одлуката со која се забранува фрлање смет од 22 до 06ч. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра но може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. 



Слично

Поврзани вести