Градскиот буџет не ги издржа катните гаражи, се најавува ребаланс и нови задолжувања!
Градските власти го скроија ребаланост за Буџетот за 2013 година. За Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за оваа година, советниците од Град Скопје ќе распрaваат на закажаната седница за во петок оваа недела. Со ребалансот се предлага намалување на вкупните планирани средства во Буџетот на Град Скопје, поради непланираниот пад на приходите во буџетот.
- Предложените измени по пооделни буџети се вршат и согласно проценките за динамиката на реализација на проектите, поради што за некои буџети се предлага намалување, а за некои се предлага зголемување. Вкупните планирани средства во Буџетот на Град Скопје за 2013 година се предлага да се намалат за 11%, при што основниот буџет се намалува за 20%, во буџетот на самофинансирачки активности се предлага минимално намалување, додека буџетот на донации се зголемува за 11%, а буџетот на кредити се предлага зголемување од 20%. Непроменети остануваат само средствата распределени во буџетот на дотации, стои во образложението од Градот Скопје
Ребаланост како што коментираат за Фактор дел од советниците, бил неопходен бидејќи извршувањето на буџетот не одело според планираната динамика, а исто така имало потешкотии во прибарањето на приходи.
И во образложението на Градот стои дека има намалување на приходите во градската каса особено во основниот буџет, поради што се предлага и соодветно намалување на приходите. За 14 проценти има намалување на приходите од наплата на даноци, како што е данокот за надоместок на градежно земјиште. Минимално намалување има и кај буџетот, сепак Градот планира да ги зголеми приходите од домашните задолжувања со образложение дека таквото задолжување се врши поради повлекувањето на средствата од склучениот договор за заем за изградба на катните гаражи, согласно динамиката на изградба на гаражите.
Според предложениот ребаланс, во основниот буџет на Град Скопје за 2013 година се предлага намалување во износ од 12.2 милиони евра, односно за 20 проценти. Така во тековно-оперативните потпрограми во рамки на основниот буџет се планирани намалувања на парите во ставките за градската администрација, уредување на градежно земјиште, јавен градски превоз, јавно осветлување, социјална заштита и друго. Додека зголемување е планирано за одржување и користење на паркови и зеленило, културни манифестации, меѓународна соработка.
Во однос на капиталните потпрограми во основниот буџет, кај дел од ставките предидено е намалување, а кај дел зголемување на расходите. Од Градот оразложуваат дека Предложените намалувања се вршат според проценките за реализација на проектите и согласно условите и роковите во склучените договори, а земајќи го во предвид и принципот на парично прикажување на извршувањето на расходите во буџетот. Градските власти уверуваат дека предложеното намалување, не значи и забавена реализација на проектите предвидени за оваа година, чија реализација е во тек. Еве дел од измените:
Измени ќе претрпи и планот на Програми за развој за периодот 2013-2015 година.
Со предвидениот ребаланс во оваа програма се намалуваат капиталните трошоци на општината. Така годинава предвидените 2,5 милиони евра за оваа намена ќе се намалат на околу 2,2 милиони евра. Во оваа стаква спаѓа изградбата на Градската куќа и како набавка на комјутерски софтвер. Во образложението на градот стои дека до крајот на 2013 година на изгадбата на градската куќа ќе се работи со намалено темпо.
Намалувања исто така се предвидени кај средствата за уредување на градежно земјиште, проекти за енергетска ефикасност, изградба на јавно осветлување, изградба на магистрални и собирни улици, изградба на системи за водоснабдување и други проекти. Повеќе пари единствено се планирани за изградба на комерцијални објекти поточно катни гаражи, за што од градот образложуваат дека се работи за проект со кој ќе се зголеми бројот на паркинг места а ќе се намали бројот на паркирани возила по тротоарите и улиците во централното.
Ј.С

Слично