Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градски инспектор пријавил закани поради зграда во Чаир приклучена на диво на водоводната мрежа

Градски инспектор пријавил закани поради зграда во Чаир приклучена на диво на водоводната мрежа

МВР потврди дека лице поврзано со зградата во Чаир која, како што објави скопската градоначалничка Данела Арсовска, на диво била приклучена на водоводната мрежа, му се заканувало на инспектор, кој потоа го пријавил случајот во полиција.

„На 22.06.2025 околу 11.30 часот во СВР Скопје, Ф.Р., инспектор во град Скопје, пријавил дека на улица Цветан Димов во Скопје, откако утврдил нелегален приклучок на водоводна мрежа, Б.А. (34) од Скопје му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР. 

Градоначалничката Данела Арсовска вчера информираше дека сопственикот на 12-катницата во Чаир, упатил бројни закани по присуството на инспекторите во зградата која имала и див приклучок на канализациската и електрична мрежа. 

Арсовска во неделата се вклучи на социјалните мрежи од пред објектот, пришто истакна дека досега се пребројани 61 стан во зградата, сите биле незаконски градени, а постои обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со фалсификувана документација. 

Инспекторите се соочиле со уште една непријатност кога, според зборовите на Арсовска, станарите кои веќе биле вселени во објектот им ги исекле гумите на возилата со нож. 

Слично

Поврзани вести