Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градот Скопје му подари пет скутери на МВР

Градот Скопје му подари пет скутери на МВР
Пет нови скутери доби МВР, како донација на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје. Министерката за нватрешни работи Гордана Јанкуловска ја прими донацијата од скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Притоа, тие разговарале и за плановите за подобрување на безбедноста во главниот град. Трајановски и Јанкуловска се договориле дека МВР и Градот Скопје во најкус можен рок ќе ги стартуваат проектите предвидени со програмата за претходните избори: “Соседска полиција“; “Мобилни полициски станици“; “Соработка со млади под ризик“, “Како сте?“; “Мојот полицаец“; “Кафе кај соседите“; “Полицијата и граѓаните заедно“ и други. Заеднички констатирале дека со нивната реализација и ставање акцент на превенцијата се очекува натамошно подобрување на безбедносната состојба во главниот град, стои во соопштението.
Слично

Поврзани вести