Градот Скопје ќе им овозможи на лицата со посебни потреби повластено користење на јавниот превоз
Категориите на лица со посебни потреби ќе добија повластено користење на јавниот градски превоз.
Оваа одлука е изгласана од Советот на град Скопје.
Тоа значи дека лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје.
За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2018 година, заинтересираното лице со посебни потреби поднесува барање до здружението на граѓани во кое членува.
Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели кои ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на билети, го доставуваат до Градот Скопје, најдоцна до 29.12.2017 година.
За дополнителни информации претставниците на здруженијата можат да се јават на телефонскиот број 3297 – 321.
