Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГРАДОТ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ГОРДОСТ, ГО ИМАТЕ МОЈОТ ЗБОР, ОВА НЕ Е ВЕТУВАЊЕ ОД ПОЛИТИЧАР“:Ѓорѓиевски се огласи по објавата дека тој ќе трча за градоначалничкото место за Скопје

„ГРАДОТ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ГОРДОСТ, ГО ИМАТЕ МОЈОТ ЗБОР, ОВА НЕ Е ВЕТУВАЊЕ ОД ПОЛИТИЧАР“:Ѓорѓиевски се огласи по објавата дека тој ќе трча за градоначалничкото место за Скопје

По објавувањето дека кандидат за градоначалник на Скопје од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Кисела Вода, се огласи и самиот Ѓорѓиевски, кој на социјалните мрежи вети дека ќе го врати сјајот на градот.
„Благодарен сум и на луѓето од мојот тим – соработници, пријатели, борци – кои ги жртвуваа своите денови, вечери и приватност за да направиме нешто што ќе остане како одбележје на целиот вложен труд.

Без нив, немаше да стигнеме овде.

Да се биде кандидат за Скопје не е само чест. Тоа е чест. Тоа е обврска кон секој човек кој сонува за подобро Скопје.

Но ова не е само моја лична битка, тука ова е наша заедничка мисија – да му го вратиме на Скопје она што го изгуби: достоинството, културата, животот, енергијата.

Ќе го направиме град каде што ќе сакаме да останеме, каде што младите ќе гледаат иднина, а повозрасните ќе живеат со почит и достоинство. Ќе го направиме град што инспирира, не разочарува. Ќе го направиме европска метропола, рамо до рамо со другите.

Скопје ќе биде град кој восхитува, не град кој се дави во сивило. Град на луѓе, не на заборавени улици.

Скопје повторно ќе заживее.

Ќе биде град на сите свои луѓе, на културата, на иднина, со улици полни живот и безбедност, со паркови каде што се слуша детска смеа, со култура која се живее, а не само се декларира. Скопје ќе биде со маала кои раскажуваат приказни и со инфраструктура каква што доликува на европска метропола.

Ќе го извлечеме Скопје од сивилото и занемареноста во кои беше потонато изминатите години. Ќе изградиме град што ќе биде гордост за скопјани, но и за секој што ќе го посети и ќе реши да живее во него.

Градот повторно ќе биде гордост – за нас, но и за сите што ќе го посетат.

Го имате мојот збор.

Ова не е ветување од политичар. Ова е збор од човек што знае што значи да се гради, да се крене, да се бори.

Барам поддршка од секој граѓанин – без разлика на верување, припадност или идеологија. Кај мене нема поделби. Постојат само луѓе кои го сакаат Скопје. А јас го давам мојот збор – ќе го вратиме сјајот на Скопје.

Од денеска, ќе бидам уште почесто меѓу вас, како што бев и досега. Со срце, со визија, со јасен план – за Скопје какво што го заслужувате. За Скопје што ќе восхитува.

За градот што повторно ќе го сакаме и ќе се гордееме со него.

Заедно ќе ја оствариме нашата цел!“, напиша тој на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести