Градот ќе „фрли“ 25 милиони евра за Скопјани да се возат во електрични автобуси и минибуси
За 20 до 25 милиони евра град Скопје ќе набавува 20 долги електрични и 30 електрични минибуси .
Според најавите на таткото на градот тендерот за оваа набавка ќе биде распишан кон крајот на годинава .
Само еден од зглобните автобуси чини некаде околу 600 до 650 илјади евра, додека пат минибусите се движат по цена од 300 до 350 илјади евра.
Коце Трајановски вели дека автобуси ќе значат многу за градот Скопје, прво од еколошки аспект тие се многу значајни, практично тоа ќе биде зелената линија на градот Скопје и најпрво ќе бидат поставени на линијата на која што беа предвидени.
Тој тврди дека автобусите ќе бидат десет пати поевтини, отколку кога би правеле транвај за истата должина и истиот капацитет на пренос на луѓе .
