Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градот ги „обра“ јаболката во Преспа и Ресен - има огромни штети

Градот ги „обра“ јаболката во Преспа и Ресен - има огромни штети

Градот кој вчера ги зафати Ресен и Преспа предизвика големи штети на јаболковите насади кои според првичните информации се движат помеѓу 3 и 4 милиони евра. 

Уништетни се јаболката во селата Евла, Горно Дупени, Царев Двор, и мал дел во Горна Бела Црква. Овоштарите велат дека мора да се изнајде решение за овој проблем и ќе бараат да се вратат во употреба градобијните ракети. 

„Дефинитивно најголемиот удар беше во самиот град Ресен околу 15 и 30 часот. Сега јаболката се со големина на лешник, а еден плод е удрен по десет пати. Има од 80 до 100 проценти оштетувања. За овој проблем ќе мора да се бара трајно решение, затоа што осигурувањето не може ова да го покрие. Од последните десет години, пет беа проблематични. Само 2015 година беше родна и имавме 140.000 тони јаболка, додека лани имавме мраз, во 2016 и 2014 година имаше град. Климатските промени си го прават своето. Овоштарството е специфично, морате да вложите, за да земете пари, а вака луѓето ќе останат без приходи. Голем дел од луѓето во нашиот регион живеат од оваа дејност, а за многумина кои работат како административци во Ресен или се вработени во некое јавно претпријатије, ова им е дополнителна дејност“ - вели Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“ од Ресен. 

Тој вели дека овој регион од Македонија е на удар на невреме последните години и бара од надлежните да им помогнат за ублажување на штетите кои настанаа. 

За оваа сезона вели дека дел од јаболката ќе се проберат за индустриски потреби. Сепак, Пампулевски објаснува дека и пролетниот мраз е доста опасен за јаболката како што беше случај лани. 

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести