Градоначалникот на Гази Баба дојде на протестот против Вардариште со предизборно ветување
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денес се сретна со луѓето кои во Маџари протестираат и бараат трајно решение за депонијата Вардариште.
Стефковски објави дека ги слушнал нивните барања и се согласил дека конечно да се стави крај на оваа депонија.
- Граѓаните ги информирав за сè што се превзема од нас како институции во изминатиот период. Вклучени во решавање на овој проблем се сите: Владата на Македонија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Гази Баба, Општина Аеродром и ЗЕЛС.
Разликата помеѓу она што беше во минатото и денес е тоа што институциите делуваат со конкретни мерки. Вардариште мора да стане минато, објави тој.
Претходно на проотестот кој трае со недели се приклучи и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, на кого граѓаните му порачаа да го пренесе нивното незадоволство меѓу раководството од неговата партија.
Слично
