Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Тоневски се правда на социјалните мрежи и медиумите - Обвинувањата за силување се местенка

Градоначалникот Тоневски се правда на социјалните мрежи и медиумите - Обвинувањата за силување се местенка

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски негира дека имало пријава за силување наводно од вработена во општината со која тој раководи, а исто така овие наводи се обиде да ги демантира и на својот профил на Фејсбук, загрижен дека шпекулациите ќе му наштетат нему и на семејството. 

„Постојано ги следам новостите што деновиве се пишуваат на темава, и јас сум во шок. Целото мое семејство е потресено, имам сопруга и две возрасни деца за кои што ова е голема траума. Искрено, за кого и не би било? Јас ниту сум се обидел да силувам некого, ниту пак сум имал вонбрачна врска. Од медиумите дознав за целиот случај, и верувајте ми дека досега, ниту некој од полицијата, ниту пак некој од обвинителството ме побарал, или пак ме контактирал на било кој начин. Од медиумите дознав и за која личност се работи, бидејќи имаме млада жена со тие иницијали вработена кај нас во општината. Веднаш и се јавив, ја прашав што се случува, но нејзиниот одговор беше дека и таа не знае ништо. Според мене, ова е некаква местенка, обид да ми се нанесе штета, да ми се наруши угледот. Јас сум амбициозен и сериозен човек, посветен сум на својата работа, и сето ова го доживувам многу стресно. Значи, сепак се работи за сериозни обвинувања“, вели градоначалникот Тоневски за Фокус.

Градоначалникот, смета дека целата работа со наводниот обид за силување е местенка.

Инаку од Секторот за внатрешни работи во Штип потврдиле дека на 13-ти овој месец, во Полициската станица со одредени надлежности во Пробиштип, извесна А.П. пријавила обид за силување за што веднаш било известено Основното јавно обвинителство во Штип. Градоначалникот потоа тврдеше дека пријавата била повлечена. 

Слично

Поврзани вести