Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот шверцер си поднесе оставка

Градоначалникот шверцер си поднесе оставка

Градоначалникот на Општина Ново Село, Боро Стојчев поднел оставка од функцијата од морални причини.

Ова е наведено во дописот до претседателот на Советот и Советот на Општината. 

Струмичкиот суд го осуди на 18 месеци затвор за кривично дело обид за пренесување непријавена стока. Стојчев со уште неколку лица на 10 јули се фатени на локалитетот Попова Чука како пренесуваат цигари.

Апелациониот суд во Штип пред неколку дена му ја намали казната затвор од 18 на 6 месеци. Вчера основното јавно обвинителство од Струмица побара Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година.

Слично

Поврзани вести