ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ НЕ ПОПУШТА: Зелениото околу спомен плочата на Мајка Тереза останува
И по неколку
дена се уште нема разврска околу поставеното зеленило кај спомен плочата на
Мајка Тереза. Неколку институции се обидоа да добијат одговори од Град Скопје,
за да се одблокира пристапот, но одговорите се негативни-зеленилото нема да се
отсранува.
Директорот на Музејот на Мајка Тереза, Аријан Асланај, вчера изјави дека од градскиот сектор за култура семо било предложено да се постават неколку камења, за да се дојде со спомен плочата, односно да се овозможи пристап.
Истовремено, незадолволство изрази и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, од каде што велат дека што директно го обвинија градоначалникот Петре Шилегов дека прави поделби меѓу граѓаните на Скопје.
Инаку, на последната прес-конференција, Шилегов истакна дека просторот каде што е поставено зеленилото на град Скопје, е всушност приватен имот, заради што нема да може да се отстрани.
