Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Сашо Јанкоски најостро го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани

Градоначалникот Сашо Јанкоски најостро го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани

Првиот човек на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска го осуди  палењето на бугарското знаме  на Вевчанскиот карневал.

Вели дека овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население. 


„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, соопшти градоначалникот.

Вели дека Општина Вевчани и вевчанци и во минатото веднаш ги осудувале палењата на знамиња и на други држави. 

„Упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми. Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи“, објави градоначалникот на Фејсбук.

Остар вербален демарш доставил до македонското Министерство за надворешни работи, бугарскиот амбасадор во земјата Ангел Ангелов. Тоа го сторил на барање на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска на својот профил на Фејсбук изрази силна осуда за палењето на бугарското знаме на вчерашниот последен ден на карневалот во вевчани. Знамето го запалија учесниците во карневалот заедно со останатите маски.

Основното јавно обвинителство Струга отворило предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Бугарија.


фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести