Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Панов оди два месеца во затвор за изборен поткуп

Градоначалникот Панов оди два месеца во затвор за изборен поткуп

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов е осуден на два месеца затвор за поткуп при избори и гласање, пресуди основниот суд Кавадарци.

Како што појасни судијата, за ова дело е предвидена парична казна или казна затвор од една година. Судијата го зел во предвид тоа што Панов не е осудуван досега за што законодавецот утврдил парична казна од пет до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца.

Панов не се појави во кавадаречкиот суд да ја слушне пресудата, а казната ќе биде извршна по правосилноста на пресудата.

На минатото рочиште што се одржа во средата, Панов тврдеше дека не е виновен и ги обвини невладината МОСТ и СДСМ дека водат хајка против него. Наспроти неговите тврдења, сведокот Сали Мемедов кој се појави во судот, тврдеше дека градоначалникот пред парламентарните избори што се одржаа лани во декември, му дал 1.000 денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести