Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Наумоски во понеделник ќе го посети болниот чичко Драги

Градоначалникот Наумоски во понеделник ќе го посети  болниот чичко Драги

По апелот и барањето за средба, градоначалникот на општина  Ѓорче Петров, Александар Наумоски, позитивно одговори на барањето на  болниот и изнемоштен чичко Драги за прием. Тој  вети дека со својот  тим ќе го посети чичко Драги во неговиот дом во понеделник, за да се запознае со неговата состојба и условите за живот.

Од општината велат дека по согледување на состојбата ќе се бараат начини за да му се помогне. Чичко Драги  боледува од рак и се чекаат анализите за  натамошно лекување и  операција. Тој живее во немаштија и е изнемоштен од болеста. Хуманите луѓе кои сакаат да му помогнат велат дека не може да си обезбеди стерилни памучни гази по операцијата, поради што користел салфети.

Како што објави „Фактор“, чичко Драги  продава и зиме и лете на отворено на Рекорд, за да се прехрани. Она што ќе го заработи или добие од луѓето, тој несебично  го  споделува  со неколку кучиња кои се негова верна придружба.


Слично

Поврзани вести