Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Наумоски вети семафор на критичното место

Градоначалникот Наумоски вети семафор на критичното место

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски изрази  жалење за немилиот настан кој вчера се случи на улицата „Борис Сарафов при што во сообраќајна несреќа беше повредено 10-годишно дете. 

Тој се надева дека вакво нешто нема да се повтори. 

„Во повеќе наврати, заедно со релевантните засегнати страни, но и невладини организации кои работат на проблематиката, како општина инициравме средби на оваа тема, а дебатиравме за можни решенија токму пред неколку дена во мојот Кабинет. Ве известувам дека во координација со Град Скопје, денеска добивме информација дека на критичното место ќе биде поставен семафор со кој очекуваме целосно да се реши проблемот со сообраќајот, брзото возење и непочитување на пешаците кои минуваат на пешачкиот премин кај училиштето „Мирче Ацев”“ - вели градоначалникот. 

Тој повика на свесност и совесност кај возачите кои сообраќаат по таа улица, особено затоа што во тој дел од Ѓорче Петров, поради училиштето, во најголем број се движат деца, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан. 

Граѓаните на Ѓорче Петров денеска повторно излегоа на улица за да протестираат. Тие бараат од надлежните институции итно да го решат проблемот со улицата, во спротивно велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата. 

Слично

Поврзани вести