Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВРАПЧИШТЕ: Tензиите во Галате ги предизвикаа луѓе од соседните општини

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВРАПЧИШТЕ: Tензиите во Галате ги предизвикаа луѓе од соседните општини

Проблемите и подигањето на тензии околу реконструкцијата и уредувањето на дворот на црквата Св. Петка во Галате ги предизвикаа луѓе од соседните општини, вели градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, карактеризирајќи ги како криминална група.

Оценката на градоначалникот Шабани доаѓа по случувањата изминативе два дена со полициска акција за приведување, протест, реакции и негодувања по социјалните мрежи во врска со случајот.

Шабани кажа дека имал средба со секретарот на Тетовско-гостиварската епархија и од него добил информација дека лицата кои работеле околу црквата не се дел од селскиот црковен одбор на Галате.
„Зад овој чин стои некоја друга група граѓани кои го направиле овој криминален акт. На оваа криминална група им порачувам, за секој проблем, потреба, да се обратат на легален начин, бидејќи во овој случај тие извршија узурпација и демолирање на местото“, рече Шабани.

Тој посочи дека во општината со која раководи, владеат соработка и соживот, а на тие што се обидуваат да внесат раскол и меѓуетнички тензии, тоа да го прават во општините од кои потекнуваат, нагласувајќи ги соседните Тетово и Гостивар.

На новинарско прашање дали досега некој поднел документи или барање за реконструкција на црквата Св. Петка која е оштетена од пожар во 2001 година или нејзино возобновување, Шабани рече дека такво нешто немало. За барањето да се стопираат работите и полициската асистенција, напомена дека тој како функционер има обврска да застане во заштита на имот од узурпација на туѓ имот.

Жителите на Галате се оградија и бараат преку институциите да се реши проблемот. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести