Градоначалникот на Вевчани побара да не се прават навредливи маски за муслиманите
Сашо Јанкоски, градоначалникот на Вевчани, упати апел до организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал оваа година да се избегнат маските кои го навредуваат и исмејуваат исламот. Маските, кои се чуваат во тајност до последен момент, дас не бидат навредливи на етничка и верска основа, побара раководителот на локалната самоуправа.
За време на Карневалот, во 2012, чувствата на муслиманските верници беа сериозно повредени, па струшкото муфтиство организираше протести кои беа поддржани и од Општина Струга. Во тоа време беше свикан и Комитетот за меѓурелигиски односи. Вевчанскиот карневал, традиционално и оваа година, ќе се одржи од 12 до 14 јануари оваа година”- изјави Јанкоски.
Локалниот совет за превенција од Вевчани тогаш остро реагираа на, како што велат, злоупотребата на поединци на Вевчанскиот карневал и нарушувањето на традиционално добрите меѓуетнички и меѓуверски односи во тој крај за срамни политички игри. ПИсамската верска заедница бурно реагираше со закани и протест од три илјади исламски верници, кои беа револтирани од „антиисламските“ сцени прикажани на „Вевчанскиот карневал“. Според нив, учесниците на карневалот ја навредиле светата муслиманска книга Куранот, но ги исмевале и исламските принципи на живот. Лути се за тоа што меѓу маските продефилирале мажи облечени во традиционална муслиманска облека - бурка. Како што велат од муфтиството, потсмев имало и за начинот на нивното молење кон Алах.
