Градоначалникот на Струга хоспитализиран во Скопје
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, синоќа бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје.
Тој е позитивен на Кови-19, но од неговата партија велат дека е во стабилна состојба. Информацијата ја потврди ДУИ за Плусинфо.
Вчера имало двајца новозаболени во Струга, а инаку има активни 142 позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка до сега на заразени е 547 во оваа општина.
Слично
