Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, призна вина пред судот

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, призна вина пред судот

Курто Дудуш, градоначалникот на Општина Шуто Оризари од редовите на СДСМ денеска призна дека е виновен за физичкиот напад над иселеникот Демир Исмаил, и рече дека жали за стореното. Судијата Ѓоко Ристов му изрече казна "судска опомена" на тужениот. 

Оштетениот Исмаил рече дека ќе бара оштета од Дудуш и дека добиените пари ќе ги донира во хуманитарни цели.  Претходно, Исмаил рече дека како причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

Според неговото сведпштво, градоначалникот јавно го нападнал во 2018 година на Ромски бал во хотелот „Александар Палас“. 


Слично

Поврзани вести