Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП, НИКОЛОВ, НА ПЛАЖА СПАСИЛ ЖЕНА И ЈА РЕАНИМИРАЛ - заслужува ли попфалба на социјалните мрежи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП, НИКОЛОВ, НА ПЛАЖА СПАСИЛ ЖЕНА И ЈА РЕАНИМИРАЛ - заслужува ли попфалба на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави информација во која се вели дека штипскиот градоначалник, Д-р Сашко Николов, успеал да реанимира жена која изгубила свест одеднаш додека била во водата и пропаднала.

„Во текот на попладневна плажа, сите си игравме со своите деца во водата, наеднаш една жена изгуби свест и пропадна во водата. Сите испаничено почнавме да бараме помош. Од никаде се појави едно момче, кое исплива од водата и веднаш почна да ја реанимира жената. После 15 минути момчето ја смири целата ситуација на самата плажа и од она што го видов, на жената и се врати бојата на кожата на лицето. Кога добро го загледав момчето, видов дека станува збор за нашиот градоначалник Д-р Сашко Николов, кој несебично се впушти во спасување на животот на жената. После 30 минути дојде брза помош, кои внимателно ги испочитуваа инструкциите од нашиот градоначалник, кој помогна да жената ја качат во брзата помош и ја однесат жива во болница. Кога се врати на плажата, сите започнаа да ракоплескаат а тој им посочи дека не треба да ракоплескаат туку да дадат поддршка за фамилијата на жената. Каков човек!!! Среќа што на оваа плажа беше нашиот доктор, нашиот штипски градоначалник“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Од овој настан беа објавени и фотографии на социјалните мрежи.

Оваа објава неодамна ја сподели и Ненад Јовановиќ, но тој за тоа доживеал и негативни коментари од јавноста.

Тој се огласи на фејсбук по овие коментари. 

„Ајде сега полека, за да се разбереме. Во коментари и во приватни пораки повторно се плука зошто сум го пофалил докторот и градоначалник на Штип, Сашко Николов.

Зошто да владее лажна демократија - таму каде што некој сака да ме пцуе, да ми кажува гнасни работи или пак да одредува што смеам, а што не смеам да постирам, пишувам и коментирам?

Треба да цвета љубов и мир, и онака како што вам ви одговара. Никој нема право да ви соли памет, а камо ли некој да ви се заканува или пцуе на вашиот социјален медиум“, реагираше Јовановиќ. 

Слично

Поврзани вести