Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Пустец Темелко ставен зад решетки

Градоначалникот на Пустец Темелко ставен зад решетки

Алсат М дознава дека Основниот суд во Скопје го прифатило барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко.

Како што пишува овој медиум на на градоначалникот на општината Пустец во Албанија му е одреден 30-дневен притвор за случајот Титаник кој се однесува на евентуални изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. 

Неофицијално се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да не ја напушта Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација. 

Во истиот случај на СЈО се гонат и екс министри и политичари меѓу кои и лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Слично

Поврзани вести