Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Пласница ќе дели 10.000 маски и заштитни ракавици пред да стане пратеник

Градоначалникот на Пласница ќе дели 10.000 маски и заштитни ракавици пред да стане пратеник

Градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски, денеска ќе дели 10.000 бесплатни маски и ракавици за жителите на општината. Бизнисменот, кој е познат и по тоа што е сопственик на компанијата „Пуцко Петрол“ неодамна се најде на кандидатската листа за пратеници на ДУИ за следните парламентарни избори. Тој е на добитното второ место во изборната единица 5 зад претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Градоначалникот на Општина Пласница Исмаил Јахоски, во знак на поддршка поради состојбата со COVID - 19, ги информира своите жители дека има обезбедено 10,000 бесплатни заштитни маски и заштитни ракавици кои што ќе бидат поделени во текот на утрешниот ден од страна на мобилни тимови.

Освен тоа дополнително ќе им биде доделена помош на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост.
Останете дома и излегувајте само ако имате потреба.
Да ги почитуваме препораките, да се заштитиме себеси и сите околу нас.“, беше соопштено од општината.

Слично

Поврзани вести