Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Крушево побара да не се прават инциденти годинава на Мечкин Камен

Градоначалникот на Крушево побара да не се прават инциденти годинава на Мечкин Камен

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, побара достоинствено одбележување на 119-годишнината од Илинденското востание и од Крушевската Република.

-Празникот Илинден не само што е голем празник, туку е наша одговорност да го одбележуваме, славиме и чуваме. Споменот на Илинденците, споменот на создавањето на нашата држава е должност која треба да ја пренесеме на помладите генерации. Достоинствено, со висока доза на почит и гордо да го одбележиме Илинден 2022 година. Илинден е празник на сите и секој од нас има еднаква можност да го одбележува на свој начин, но должност е да бидеме достоинствени како Илинденците, да не ги забораваме идеалите и да се раководиме од Крушевскиот манифест. Илинден е на секој граѓанин и тоа никој никогаш нема да го смени, вели Христовски во повикот.

Тој порачува дека сите се поканети во вторник на Мечкин Камен и дека очекува од гостите да покажат толеранција, достоинство и мирно одбележување

-Илинден нѐ повикува да бидеме единствени, да бидеме демократи кои се почитуваат едни со други и ги почитуваат институциите. Идеалот на Илинден може да биде претставен на вистински начин само преку покажување на толеранција, достоинство и мирно одбележување. Сѐ друго е само непочит и заборав на оние кои се бореле за автономна Македонија. Ова е проглас од еден Македонец кон сите свои сограѓани – Илинден да го одбележиме како што прилега, а Манифестација „Десет дена Крушевска Република“ да ја проследиме со внимание заради својата национална вредност. Сите сме деца на Илинден. Илинден – нашата визија за иднината, се вели во поканата.

Слично

Поврзани вести