(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ: Состојбата со пожарот е живозагрозувачка
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски во ново видео на Фејсбук, уште еднаш повика на помош за државните институции, кои се уште немаат испратено помош и ги повика граѓаните да се приклучат во гансење на пожарот.
„Во моментот е повеќе од животозагрозувачка состојбата и сакам да ве повикам и на смиреност и на вклученост во акцијата. Жал ми е што државна помош уште не е пристигната и покрај инсистирањето, сметам дека треба ургентно соодветно да им се пружи помош. Жал ми е што огнената стихија го зафаќа населеното место од десниот брег на градот. Ситуцијта е животно загрозувачка“, вели градоначалникот.
Повика да не ја трошат водата за пиење за да имаат резерви.
„Побаравме помош од Бугарија, од Кратово, Пробиштип, Куманово и Ранковце. Побаравме помош од Армијата , хелихоптерската единица и очекувам сериозна помош. Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат, без ширење на паника, без ширење страв туку да помогнеме на градот и на нас самите. Господ нека и е на помош на Крива Паланка“, рече градоначалникот.
Пожари има во и во скопско.
фото Фејсбук
