Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Кратово: Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица

Градоначалникот на Кратово: Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица

Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мораат да се оддалечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот на објектот“, вели за телевизијата „24“ градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски. 

Претходно имаше поплаки дека овие лица наплаќале влезници на туристите. 

Милош Димитровски од Здружението „Извор“, еден од тужените во спорот за Куклица, тврди дека здружението две децении се грижело за локалитетот без проблем со ниту еден градоначалник, сè до актуелниот Тодорче Николовски.

Во изјава за Канал 77, Димитровски негира дека се наплаќа влезница за природниот локалитет кај Кратово. Според него, здружението волонтерски го одржувало просторот, кој бил запоставен од општината и од Музејот на град Кратово.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести