ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ СЕ ПИШМАНИ: Сепак нема да има музика на плоштадот
Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на Фејсбук објави дека животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено родителите кои живеат со страв и загуба.
„Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот. Оваа одлука иако донесена со добри намери и по консултации, истата ја преиспитувам, водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред“, вели Крстевски.

Од семејствата на загинатите 62 жртви во пожарот имашре реакција.
