Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Кисела Вода е позитивен на ковид -19

Градоначалникот на Кисела Вода е позитивен на ковид -19

Првиот човек на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски вечерва објави дека е позитивен на коронавирусот.  Тој сподели дека се чувстува добро и има благи симптоми.

„Во текот на вчерашниот ден појавив благи симптоми на ковид 19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам“, напиша Темелковски на Фејсбук.

Веќе неколку седмици во земјава има висока бројка на заразени. Британскиот сој се шири во Македонија, при што  младите луѓе  не се поштедени. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести