Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ АЛАРМИРА: Во градинките нема доволно персонал, итно да се најдат пари за нови вработувања

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ АЛАРМИРА: Во градинките нема доволно персонал, итно да се најдат пари за нови вработувања

Новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека е итно потребно зголемување на персоналот во гардинките. 

„Утрово бев во посета на Градинката "Мајски Цвет" во Тафталиџе. Од директорката ми беше посочено дека функционирањето на градинката е отежнато поради недостаток на персонал.

Апелирам до Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за финансии, да обезбедат средства за пополнување на испразнетите работни места како и средства за отворање на нови работни места поради зголемување на капацитетите.

"Мајски цвет" не е единствена градинка која се соочува со овој проблем.

Не е доволно само да ги згрижиме децата, потребна е силна воспитна компонента која е тешко да се воспостави во услови на овој низок капацитет“, пишува Јакимовски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести