Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Гостивар: Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата

Градоначалникот на Гостивар: Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата

Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата, вели градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. 

„Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности.  По добиената пријава, Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршија дополнителен увид и земаа нови примероци за лабораториско испитување. До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува. Таа е превентивна и е донесена заради заштита на здравјето на граѓаните. Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат дека на посочената локација нема канализациска мрежа. Сепак, сите наводи се предмет на проверка и конечна оценка ќе дадат исклучиво надлежните институции. Во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод. Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи. Општината е во постојан контакт со сите надлежни институции и целосно соработува во постапката“, пишува тој. 

Веели дека веднаш штом бидат достапни официјалните резултати, тие ќе бидат јавно објавени, целосно и транспарентно.

Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“, Артана Асани ги негира тврдењата на МВР дека причина за епедимијата која веќе погоди околу 1.200 жители во Гостивар се поставените пумпи на „Комуналец“ во корито за истечни отпадни води, кои потоа навлегле во гостиварскиот водовод.

фото Фејсбук/Валбон Лимани

Слично

Поврзани вести