Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата

Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата

Градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани, каде е прогласена епидемија на заразна болест, најверојатно поради водата, не чувствува лична одговорност за тоа.

Тој објасни дека три лица од јавното претпријатие за комунална хигиена ЈП „Комуналец“ се суспендирани, меѓу кои и директорката на истото – Артана Асани, која е приведена, заедно со другите две лица.

„Ги очекуваме резултатите од анализите и врз основа на нив ќе постапиме. Не сакам никој однапред да биде прогласен за виновен, но исто така не смее да има попречување на работата на надлежните органи“, рече тој. 

Градоначалникот најави и дека по објавувањето на резултатите од анализите на водата, Општината ќе почне активности за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа. 

Над 3.100 луѓе во Гостивар побарале лекарска помош деновиве. 

foto Facebook/Valbon Limani

Слично

Поврзани вести