Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Ѓорче Петров пријави заканувачки графити против штрајкувачи во градинка

Градоначалникот на Ѓорче Петров пријави заканувачки графити против штрајкувачи во градинка

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски,објави дека во МВР пријавил случај со испишани графити со заканувачки содржини против вработените кои штрајкуваат во детската градинка „Росица“.

„СОНК убијци на деца“ е еден од графитите со пораки упатени кон членовите на СОНК кои веќе петти ден штрајкуваат.  Стојковски очекува брзо пронаоѓање на сторителите.

- Досега невиден акт на вандализам. Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира, напиша градоначалникот Стојкоски. 

СОНК на вчерашната прес конференција објави дека регистрирани се повеќе заплашувања и закани во повеќе градинки низ државата, што подоцна го демантираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Слично

Поврзани вести