Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Гази Баба оздраве од коронавирусот: Во знак на благодарност, донирав во Инфективна

Градоначалникот на Гази Баба оздраве од коронавирусот: Во знак на благодарност, донирав во Инфективна

Боприс Георгиевски, градоначалникот на Гази Баба, објави дека по две недели боледување како заболен од Ковид-19 ја напуштил Клиниката за инфектологија по два негативни теста.

„Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома и продолжувам со домашно лекување“, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Во знак на благодарност, од свои приватни средства обезбедил донација за Клиниката за инфективни болести.

„Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната огромна пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со ковид-19. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели.
Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема“, порача Георгиевски.

Тој на 13 јуни објави дека е позитивен на коронавирусот и веднаш бил примен на Инфективна откако почувствувал болки.


Слично

Поврзани вести